Комбинацијата од мед и ѓумбир се користи во многу земји како традиционален лек кој има мошне поволен ефект врз здравјето на луѓето. Оваа мешавина е одлична за оние кои имаат проблеми со варење на храната. Исто така може да помогне доколку често имате мачнини и постојано ви се гади. Делува и како природен аналгетик и помага во смирување на главоболките и мигрената, помага и во намалување на менструалните грчеви и болки во долниот дел од стомакот.
Ѓумбирот е моќен и поради фактот што ја забрзува циркулацијата, а сето тоа може да помогне во елиминација на штетните токсини од телото и чистење на крвите садови. Оваа мешавина е особено препорачлива доколку сте на диета и сакате да го прочистите организмот